Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeGalleryБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Историја на литературата

Go down 
АвторПорака
BiG M
Admin
BiG M


Број на мислења : 52
Age : 30
Registration date : 2007-04-20

Историја на литературата Empty
ПишувањеПредмет: Историја на литературата   Историја на литературата Icon_minitimeНед Апр 22, 2007 11:24 pm

“Аспекти на македонската урбана култура-Хип хоп Македонија” е првата македонска книга во која се обработува хип хоп културата како начин на живот. Нејзини автори се Александар Ковилоски и Славчо Ковилоски, а книгата излезе во издание на “Современост” во 2005 година. Поделена е во два дела, од кој првиот е социолошко гледиште кон почетоците и развојот на хип хопот во светски и домашни рамки, а вториот се однесува конкретно на македонскиот рап живот, со хронологија на значајните настани од таа област. Промоцијата на книгата се одржа во Културниот центар “Точка”, на 13 ноември 2005 година, а промотер беше д-р Васил Тоциновски.

Извадоци од Прв дел, глава 4, Од каде потекнува хип-хопот-скит, ( стр. 17-18 ):
“Слика 1: Црква во САД, посетувана од црнечко население. Мисата скоро секогаш е проследена со госпел музика. Свештеникот, во овој случај проповедникот е докажан оратор кој ги користи сите средства слушателите да ги привлече и да ги вовлече во неговото излагање. После секоја негова поука тој вели: “амин!“ и сите присутни одговараат со ”амин” слично на денешните МС-ја, кои кога ќе извикаат ”хо!” и публиката извикува “хо!”.
Слика 2: Џез клубовите во Њујорк се во фаза на експанзија. На сите им е интересен начинот на изведување на Џејмс Браун и неговите движења. Тие ги интерпретираат на свој начин создавајќи специфичен начин на танцување. На која музика? На Џ. Браун или на Херби Хенкок и преку “гребењето” на нивните плочи од страна на новите момчиња - ДЈ-ите.
Слика 3: Сламот. Разурнати куќи. Таванот прокапува, ѕидовите се ронат... тука бабата на едно Латино момче готви ручек, чекајќи го да се врати од училиште. Но тоа момче не оди на училиште веќе 1 месец... затоа што продава дрога на задниот влез на една шестокатница... На некој крај од маалото се слушаат истрели. Се слушаат викотници. За тоа време некои момци играат баскет на маалскиот кош не обрнувајќи внимание на ситуацијата - навикнати се на вакви работи.
Слика 4: М. Л. Кинг зборува, а огромна маса луѓе го слушаат. Неговиот говор се однесува на правата на Афроамериканците во САД. Повикува на мирно решавање на нивниот проблем.
Слика 5: Ноќ во Бронкс. Можеби и некаде во Лос Анџелес. Ограбена е продавница за алкохол. Злосторниците биле црнци. По пријавата истата вечер бели полицајци ја злоупотребуваат својата функција тешко претепувајќи двајца Афроамериканци две улици подолу од местото на грабежот. “ Сите вие ми личите исто” ќе каже еден од нив. ................ “
Извадоци од Втор дел, Почетоците ( стр. 75 ):
“Новиот бран на промени не се чувствуваше само во политиката. Во 80- те години на 20 век, започна поголемо ослободување како на државен план така и на музички. Начинот на изразување доби нови форми, текстовите станаа поотворени, се појавуваа првите брејкденсери. Кон крајот на 80 те се појавија првите состави, меѓутоа без поголеми проекти. Конечно, од 1990/91 се започна со посериозно работење на ова поле. Спојувањето на двете групи Serious Bass и Ќељав Дабар доведе до оформување на една од најзначајните хип-хоп појави во Македонија, Чиста Околина. “.............
Вратете се на почетокот Go down
https://dobromiri.forumactif.com
 
Историја на литературата
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Култура :: Литература-
Отиди до: